ROTARY
Една искра, цела шума!
За нас
Во служба на заедницата.
Ротари клуб Скопје Вест е дел од Асоцијацијата на Ротари клубови на Македонија, посветен на служење над себе, хуманост и заштита на заедницата.
Членови од различни професии и генерации, обединети од една цел – да создадат позитивна промена во општеството.
Ротари клуб Скопје Вест делува во областа на образованието, екологијата, здравјето и поддршката на ранливи групи.
Ротари клуб Скопје Вест
служба над себеси
95%
од пожарите
се предизвикани од луѓе
55
милиони евра
директни и индиректни штети
120.000+
хектари шума
изгорени за 5 години
ПОЖАРИ
Како настануваат пожарите?
Фрлање отпушоци и запалки
Оставен оган што тлее
Палење стрништа и отпад
Искри од машини и алат
Секој може да спречи пожар.
Потребни се само неколку свесни чекори:
Не палатe оган на отворено (освен на обележани места)
Никогаш не фрлај цигари во шума
По кампување – целосно изгаси го огнот
Не оставај стакло или шишиња во природа
Не пали стрништа или отпад
Проверувај дали има забрана за движење во шума
Ако видиш пожар?
Пожарот се шири брзо – не обидувај се да го изгасиш сам ако е надвор од контрола. Оттргни се на безбедно растојание, особено ако има ветер.
Запомни точна локација
Обиди се да ја запомниш или запишеш GPS-точката, блиска патека, село, објект или регионален пат – ова ќе биде клучно за екипите кои треба да реагираат.
Пријави веднаш!
Не чекај – секоја секунда е важна. Пријави го пожарот на:
☎️ 193 – Противпожарна служба
☎️ 112 – Центар за итни случаи
☎️ 02 / 3249 – 444 – Центар за управување со кризи
🌐 cuk.gov.mk – за дневни информации и пријава
Вести
Новости од Ротари клуб Скопје Вест
Бидете во тек со најновите активности, соработки, настани и хуманитарни иницијативи што го движат нашиот клуб. Преку дела – создаваме промена.
КОНТАКТ
Биди дел од движењето
Сподели ја пораката, едуцирај ги блиските, реагирај кога некој прави штета.
rc.skopjewest@gmail.com




